10 Октомври, 2024
0.0259

(ВИДЕО) ПРВО ИМ ДАВАЛЕ ХРАНА, А ПОТОА ГЛАДУВАЛЕ: Израелка која го загуби синот раскажа како поминала во заложништво на Хамас

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Првин јадевме пилешко со ориз, конзерви, подоцна гладувавме, вели Израелка која се спаси од заложништвото на палестинската терористичка група Хамас. 

Постара жена, која е ослободена од заробеништво во Газа, рече дека милитантите ја држеле во задушлива соба и дека условите се влошиле како што конфликтот напредувал. Рути Мундер (78) за израелскиот „Канал 13“ изјави дека спиела на пластични столчиња покриени со чаршаф скоро 50 дена заедно со ќерка си Керен и внукот Охад Мундер-Зихри. Мундер, чиј 78-годишен сопруг сè уште е заробен во Газа, вели дека наутро и навечер им давале чај, а на децата слатки. За време на заробеништвото, верувала дека ќе биде ослободена.

„Беше многу тешко. Дознав дека син ми е убиен од борец на Хамас. На почетокот ни даваа пилешко и ориз, секакви видови конзервирана храна и сирење. Но, како што се влошуваше економската ситуација, луѓето почнаа да гладуваат“, рече таа.


На 7 октомври борците на Хамас ја киднапираа Мундер од својот дом во кибуц во јужен Израел. Во нападот е убиен син ѝ. Таа рече дека и остатокот од семејството биле ставени во возило и однесени во Газа. Еден милитант ги покрил со ќебе за да не ги видат другите борци околу нив. 

Израел и Хамас, со посредство на Катар, го продолжи примирјето за два дена. Се очекува новиот пакт да ослободи повеќе заложници од Газа. Хамас држи и деветмесечно бебе како заложник. Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека голем број нивни војници се лесно повредени. Тврдат дека Хамас го крши примирјето. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи