(ВИДЕО) Рама руши хациенди – нема недопирливи пред законот!
Објавено во: Балкан 25 Август, 2025 18:10
Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави видео како урива дивоградби. Овој пат се работи за хациенди.
Рама порача дека овој процес нема да запре.
„Напротив – во наредните денови ќе следи нов пакет мерки што ќе ја зголемат ударната сила на законот, со јасна цел: да нема повеќе неказнети одговорни лица. Законската одговорност ќе ги стигне не само оние што незаконски градат, туку и оние што со години ги штителе со мито и корупција – во инспекторатите, во полицијата, па дури и на локално ниво. Денес, операцијата продолжи во ’ртот Родонит, општина Драч, каде што уште едно природно чудо беше злоупотребено за профит преку дивоградби. Таму каде што треба да уживаат граѓаните и туристите во чиста природа, некој решил да ја претвори во приватна каса. Ова повеќе нема да се дозволи! Ова е борба за ред и закон, за природата и јавниот интерес, за иднината што не ја градиме врз корупција и беззаконие, туку врз почитување на правилата. Доста беше! Албанија нема да биде заложник на дивоградби и митаџии!“, вели Рама.
Албанија воедно ова го прави за да покаже пред Европската Унија(ЕУ) дека се реформира. Според најавите на повеќе европски политичари, можно е Албанија во 2027 година да влезе во ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





