(ВИДЕО) Ребрендирана Цевитана за обичните супер херои
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2015 14:02
Нов иновативен дизајн, пакување и изглед на добро познатата Цевитана на Витаминка АД Прилеп. Ребрендирањето на брендот е под слоганот „За обичните суперхерои“, наменувајќи го производот за сите нас кои, справувајќи се со секојдневието, сме херои на нашите животи.
„Со ребрендирањето на Цевитана сакавме да создадеме една нова приказна за овој семеен пијалак. Со новиот изглед на производот додаваме вредност на витаминскиот пијалак како дел од една животна приказна, како дел од секојдневието на обичните суперхерои - секој од нас што успешно се справува со предизвиците на денот. Идејата е да бидеме проактивни, да бидеме чекор понапред од конкуренцијата задржувајќи го високиот квалитет на производот“, изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.
Модерниот изглед, силните и интензивни бои, ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Со овие карактеристики, Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој што растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители.
„Во портфолиото на Витаминка има производи за сите возрасти, од 7 до 77 години, некои од нив се постари од дваесет и повеќе години, па така и Цевитаната е бренд кој што постепено растеше, се развиваше и се трансформираше соодветно на потребите на самиот производ, пазарот и потрошувачите. Промените во изгледот на еден бренд се потребни од многу аспекти, стратешките определби за менаџирањето со брендот, амбициите и аспирациите“, дополни Трпаноски.
Цевитана како еден од најдобрите брендови на Витаминка со својот редизајн само го зацврстува лидерското место на пазарот, а досега зад себе има голем број на награди, меѓу коишто е наградата за Супербренд.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/w38b7rRVSF8[/embed]Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





