Добивај вести на Viber
Реката Јања се изли во градот Бјелина, БИХ и поплави локални патишта.
Мештаните се без сон, затоа што се плашат дека ќе бидат зафатени нивните куќи. Реката засега се изли во населби претежно на локални патишта, но станбените објекти засега се безбедни.
Опасност постои поради надоаѓање на вода од планинските места и дождот кој паѓа денеска. Граѓаните се во центарот на градот и ја следат ситуацијата. За неколку часа реката надошла за 1 метар. Пред нив е уште една бурна ноќ во која ќе мораат да следат како водостојот на реката расте.
https://youtu.be/qAHvREujyrc
[embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/qAHvREujyrc[/embed]