05 Декември, 2025
0.0381

Родителите од Кочани бараат нови мерки откако го начекаа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во кафеана со Димитровски

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 12:43

Добивај вести на Viber

Родителите на загинатите од дискотеката Пулс вчера (21.10) поднеле Барање до Кривичниот суд и обвинителството за определување на построги мерки на претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, еден од 34-та обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, откако беше затекнат во кафеана со кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов.

„Поднесовме предлог барање за определување на други мерки на претпазливост на обвинетиот Ратко Димитровски, бидејќи тој има забрана за приближување или воспоставување контакт на лице кое се јавува во својство на оштетен, во случајот Владко Грозданов. Не знам како можеле баш во тој час кога ние родителите имаме протестен марш и ги носиме сликите на нашите загинати деца, тие баш во тој момент да излезат во кафеана. Досега толку време не работеле институциите, сега не знам дали проработела свеста на граѓаните, но сега по последните случувања се гледа дека не е допрено до многу, изјави Светлана Илиевска Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов во синоќешното издание на „На претрес со Ландов“.

За родителите на загинатите спорно е тоа што Владко Грозданов е татко на дете со тешки телесни повреди стекнати во катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс, па тој во судскиот процес за пожарот се јавува како оштетена страна, а обвинетиот Ратко Димитровски има активна мерка „забрана за приближување или воспоставување на контакт со лице кое се јавува во својство на оштетен“.

Освен правниот аспект, родителите на загинатите сметаат дека средбата има и сериозен проблем од етички аспект. Како што рече Илиевска Стојанова, за нив не е во ред тоа што обвинетиот Димитровски и кандидатот за градоначалник Грозданов одлучиле да седнат во кафеана во истото време и на рутата на протестниот Марш за ангелите во саботата, на 18 октомври, во предизборниот молк.

Додека минуваше протестниот марш покрај кафеаната, а Димитровски и Грозданов беа седнати на маса до стаклото на објектот, учесниците на протестот тоа го сфатија како провокација, па триесетина луѓе влегоа внатре и вербално се конфронтираа со Димитровски и Грозданов, по што Грозданов се повлече во помошна просторија на објектот, а Димитровски се соочи со родителите до пристигнување на полициски службеници, по што со полициска асистенција беше затворен ходникот по кој Димитровски замина од објектот.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите