18 Декември, 2025
0.0557

(ВИДЕО) Русите објавија која е жената која ја ликвидирала Дарја Дугина

Објавено во: Свет 22 Август, 2022 19:36

Добивај вести на Viber

Се појавија видеа од Украинката Наталија Вовк, жената за која Русите тврдат дека ја ликвидирала Дарја Дугина, 29-годишна новинарка и ќерка на познатиот руски политички филозоф, ултранационалистички руски идеолог Александар Дугин.

Службата за безбедност на Русија ФСБ ги обвини украинските тајни служби дека стојат зад експлозијата во која загина Дугина. 

Дугина загина кога експлозивна направа го разнела автомобилот Toyota Land Cruiser што го возела. Се смета дека вистинската мета бил самиот Дугин, филозоф со големо влијание врз Кремљ. 

Вовк е родена во 1979 година. Русите објавија и видео за кое тврдат дека се гледа како таа ја преминува руската граница, влегува во зградата во која живеела Дарја Дугина и заминува за Естонија.

Руската служба тврди дека жената и нејзината ќерка пристигнале во Русија во јули и го подготвувале нападот со месеци. Тие изнајмиле стан во истиот станбен комплекс во кој живее Дугина и го истражувале нејзиниот начин на живот. 

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак изјави дека „руската пропаганда живее во измислен свет“.

„Според нив, Украинка и нејзиното 12-годишно дете се виновни за кревањето во воздух на автомобилот на пропагандистот Дугина. Изненадувачки, не нашле естонска виза на лице место“, објави Подољак на Твитер.

Како што наведе тој, „отровните змии во руските специјални служби започнаа борба меѓу себе“.


Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил