(ВИДЕО) „Се гледаме утре и секој ден, додека нема правда“ — силна порака од Нови Сад во чест на жртвите од трагедијата
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2025 20:04
Со натписот „Се гледаме утре и секој ден, додека нема правда“, студентите вечерва спуштија транспарент на Петроварадинската тврдина, завршувајќи го големиот комеморативен собир посветен на 16-те жртви од трагедијата што се случи пред една година, кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Во знак на сеќавање, од чамец на Дунав беа пуштени 16 лампиони, додека собирот на кејот заврши мирно и достоинствено, со аплауз и минута молк.
Završen komemorativni skup u Novom Sadu.
— Razglas news (@razglasnews) November 1, 2025
Studenti su na Petrovaradinskoj tvrđavi razvili transparent na kom piše "Vidimo se sutra i svakog drugog dana dok ne bude pravda". pic.twitter.com/7l4KseYuHS
Претходно во текот на денот, уште од раните утрински часови, групи граѓани од 16 различни локации пеш се упатија кон железничката станица, каде што се одржа 16-минутен молк, проследен со обраќања на јавни личности и блиските на загинатите.
Особено емотивен беше настапот на мајката на Стеван Хрка, еден од младите кои го загубија животот, која најави дека од утре ќе започне штрајк со глад во Белград, во близина на таканаречениот „Чачиленд“.
На собирот во Нови Сад присуствуваа илјадници граѓани од цела Србија, меѓу кои и групи што пеш пристигнаа од Белград, Нови Пазар, Шумадија и други места.
Комеморативни настани организираше и српската дијаспора во повеќе европски градови, а поддршка пристигна и од Загреб, каде студенти се собраа пред Амбасадата на Србија.
Во Србија денеска е прогласен ден на жалост во чест на 16-те млади животи што трагично згаснаа.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




