14 Декември, 2025
0.0507

(ВИДЕО) Се урна мост во Кина кој е пуштен пред само неколку месеци

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2025 20:47

Добивај вести на Viber

Мост во Кина кој е отворен пред неколку месеци се урна. 

Тој се наоѓа во југозападната кинеска покраина Сечуан, во близина на националниот автопат кој ја поврзува централна Кина со Тибет, соопштија локалните власти. 

Полицијата во градот Маерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри, за целиот сообраќај уште во понеделник попладне, откако беа забележани пукнатини и поместувања на теренот на блиските планински падини. Локалната самоуправа соопшти дека инженерските екипи веднаш го изолирале подрачјето поради ризик од лизгање на земјиштето.

Во вторник попладне состојбата драстично се влошила – дел од планината почнал да се урива, предизвикувајќи пропаѓање на пристапниот дел од мостот и целосно уривање на дел од трасата на патот. Ќе има истрага за случајот. 

фото принтскрин


Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала