(ВИДЕО) Шумските пожари во Русија се префрлија и во Кина
Објавено во: Свет 14 Април, 2015 11:58
Шумските пожари во Русија, кои зедоа 23 жртви, зафатија и дел од кинеската територија, пренесоа агенциите.
Според податоците на кинеската пожарна служба, пожарите кои неколку дена беснеат во руската република Хакасиа, во јужен Сибир се префрлиле вчера во Северна Кина и се шират од автономниот регион на Северна Монголија.
Опожарени се 30 куќи, автомобили и земјоделска техника на над десет семејства. Изгорена е и сточна храна за добитокот. Околу 660 пожарникари продолжуваат да се борат со огнот. Засега нема соопштение за евентуални жртви.
Во руската република Хакасиа можно е денес ситуацијата со пожарите да се влоши, бидејќи се очекува засилување на ветерот, пренесоа агенциите. Ураганскиот ветер, ја зафати Хакасиа на 12 април, кој ги разгори силните пожари кои зафатија 38 населени места.
Пожарот настанал од неовластено и неконтролирано палење на сува трева. Ситуацијата се комплицира од високите температури сезонава и силниот ветер. Прогласена беше вонредна состојба.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fZZGPxvpdvE[/embed]Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете





