(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Жена почина од удар на гром
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2020
Силно невреме ја зафати Грција, a има и жртви.
Погодени се неколку грчки региони, проследено со грмотевици, молњи и обилни врнежи од дожд. Невремето одзеде и најмалку еден живот, пишуваат грчките медиуми.
На островот Скопелос жена загинала од удар на гром, пренесе „Грик репортер“.
Страшно е и на Халкидики, каде паѓаше град. На регионалниот пат Полигирос-Солун, автомобили и камиони веќе неколку часови стојат поради голема количина на мраз на патот, пренесуваат медиумите.
Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.
Денеска невреме ги зафати Србија и Хрватска.