(ВИДЕО) Србин спаси бебе oд поплавите во Италија
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2023
Србин во Италија спаси мајка и бебе од давење.
Во регионот Емилија-Ромања, Ѓорѓе Пантиќ помогна да се спасат две лица од поплавите. Водата беше до еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаја да допливаат до нив и да ги спасат е и Пантиќ. Ѓорѓе го зема бебето од прегратките на мајката и го стави на рамениците. Жената го следеше. Водата им беше речиси до рамениците. Бебето го донесе на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата. Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ. Најмалку шест лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по поплавите што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања. Излевања на реки и поплави има во Хрватска и во БиХ.
Situazione drammatica in #EmiliaRomagna. Pesante alluvione.
— Giovanni Cristiano (@Jo_Reporter) May 16, 2023
Sarà allerta rossa anche domani. Nel frattempo le immagini che arrivano dalla Romagna fanno paura.
In questo video il salvataggio di una mamma con la sua bimba di tre anni a Cesena.#16maggio | #AllertaMeteoER pic.twitter.com/d9GKeRhxki
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.