17 Декември, 2025
0.0476

(ВИДЕО) Српски бизнисмен продава јахта за 19 милиони евра

Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2014 14:20

Добивај вести на Viber

Српскиот милијардер Филип Цептер одлучил да ја продаде својата јахта „JoyMe“, а за неа бара 19 милиони евра. Јахтата е долга 50 метри и има капацитет за 12 гости во шест луксузни климатизирани кабини. Освен ова на неа има место и за 11 членови на посадата во посебен одвоен простор. На долната палуба се наоѓа фитнес сала, сауна и спа. На главната палуба се сместени четири кабини, трпезарија и главен салон. Секоја кабина со гости има голема бања. На најгорната ВИП палуба се наоѓаат кабините за сопствениците, додека на најгорната платформа за сончање има и џакузи. Филип Цептер ја претстави својата прва јахта „JoyMe“ на изложба во Монако во 2011 година. Тогаш беше презентирано дека е вредна 30 милиони евра и беше првиот пловен објект на компанијата „Филип Цептер јахти“. Еве како изгледа оваа луксузна јахта: http://www.youtube.com/watch?v=A_uZ4HztAfg

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии