26 Април, 2024
0.1146

(ВИДЕО) СТИГНАА НОВИТЕ АЈФОНИ: Погледнете што можат новите телефони, што е ново и која е цената

Објавено во: Стил 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

По многу гласини, кончено пред себе имаме се што не интересира во врска со новите Ајфон телефони, но и нова генерација на паметниот телефон на Епл.

На настан во Калифорнија, Епл претстави нови производи за 2018 и 2019-та година, а како што веќе имавме прилика да дознаеме се работи за три нови паметни телефони нова генерација  iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR. 

Нов iPhone Xs


Како што вели Тим Кук секој пат кога ќе се појави на бина, „ова е најдобриот Ајфон кој Епл го направил“.

Куќиштето на телефонот е направен од нерѓосувачки челик, а доаѓа во златна, сребрена и сива боја.

Телефонот поседува и IP68 сертификат и може неколку минути да биде потопен во вода до длабочина од 2 метри.

Епл со новите модели се одлучил за Super Retin дисплеј со дијагонала 5,8 инчи и 6,5 инчи со 458 пиксели по инч.

Она што е посбено интересно е дека двата модели имаат п долари. долари. 

оддршка за dual SIM, поточно eSIM, додека само моделите за Кина ќе имаат два физички SIM слота.


Поголемиот телефон е наречен iPhone Xs Max

Двата уреди поседуваат и 3D Touch, технологија за која многу гласини тврдеа дека нема да биде присутна на новите модели.

Уште една разлика е 6.1-iинчен Liquid Retin дисплеј со 326 пиксели по инч кој е LCD, a ne OLED.


Двата телефони имаат шест јадрен Apple A12 Bionic процесор, прв 7 нм чип во индустријата, а тука е и посебен Neural Engine, посебен осум јадрен процесор за машинско учење. Благодарение на новиот процесор, апликациите ќе се активираат 30 пати побрзо , а самиот процеср ќе користи 40 отсто енергија помалку.


iPhone Xs моделите доаѓаат со максимални 512GB простор за складирање на податоци, а тоа воедно же биде и најскапиот модел. Во понудата ќе има и верзија со 64 и 256GB интерна меморија.

Кога станува збор за камерата, тука е двојната камера од 12MP и 7MP сензор на предната страна.

Цената на основниот iPhone Xs модел ќе изнесува 999 долари, додека цената на моделот на основниот iPhone Xs Max модел ќе биде 1099 долари.

Третиот уред е IPHONE XR


iPhone  „изненадувањето“ доаѓа во значајно поголем број бои кои вклучуваат црвена, сина и жолта.

Станува збор за модел по имеI PHONE XR со алуминиумско куќиште.

iPhone XR поседува IP67 сертификација, што значи дека е отпорен на вода и прашина, но во помала мера од претходните два уреди.

Уште една разлика е 6,1 инчен Liquid Retin дисплеј со 326 пиксели по инч, кој е LCD, a нe OLED.

Исто така, присутен е и А12Bionic чип со задна 12 мегапикселна широкоаголна камера, но само со еден објектив.

iPhone XR доаѓа со 3 опции интерна меморија од 64GB, 128GB 256 GB, а цената за основен модел изнесува 749 долари.

Apple Watch

Џеф Вилијамс ја презеде сцената од директорот на компанијата Тим Кук за да ја претстави новата генерација на паметниот часовник на Епл.

Health i fitnes се од првиот модел клучна работа на овој паметен часовник, а еден од новитетите е, покрај тоа што ви го мери отчукувањето на срцето, Apple Watch сега може да ве извести и дали тој е зголемен или пренизок.

Часовникот сега може да детектира и пад, што е посебно корисно за повозрасни лица и пациенти во болница кои сега можат автоматски да повикаат помош ако тоа се случи, а унапредени се и сите сензори внатре во куќиштето.

Но тоа се само некои од новитетите кои овој паметен часовник ги носи со себе во својата четврта генерација.


Новата генерација има поголем екран и редизајнирана предна страна.

Екранот е 30 отсто поголем, но само куќиштето е значајно потенко од претходните генерации.

Дисплејот е можно да го прилагодите на вашите потреби, па така може да прикажува повеќе временски зони ако често патувате или фотографии на вашите пријатели и членови кои потоа можете да ги повикате со едноставен допир на тие слики.

Задната страна е направена од црна керамика и сафирни кристали како радио сигналите би можеле да поминуваат низ целиот часовник и така овозможиле подобар сигнал.

Apple Watch поседува dual core 64-битен S4 чип кој нуди два пати побрзи перформанси од третата генерација со стариот процес.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти