(ВИДЕО) Судири помеѓу полицијата и бегалците на островот Лезбос
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2015 14:28
Илегалните имигранти и бегалци на островот Лезбос се обидоа да влезат на ферибот за Атина, кој превезува туристи. Тие фрлале камења врз полицијата, а тие ги бркале со светлосно-звучни гранати.
Започна трансферот на 10 илјади бегалци кои до сега спиеле на пристаништето, на друго место на островот.
Градоначалникот на Лезбос, кој неколку пати ја предупредуваше грчката Влада за ситуацијата и дури побара да се прогласи вонредна состојба, побарал воени бродови за да се транспортираат бегалците за Атина.
Големи тензии има и кај Грците, кои од една страна учествуваат масовно во доброволните акции, но не гледаат некаква помош од страна на Европа.
Денес во посета на островот Кос пристигна потпретседателот на Европската комисија Франц Тимерманс и еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос, за да се запознаат на лице место со проблемот на властите за совладување на бегалскиот бран.
„Предавници, не сакаме тука центар на криминалот, немоќни сте да ни обезбедите да ја напуштиме границата и да го напуштиме островот!“, Изјавил еден мигрант на островот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AB6G1MxMeX4[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




