29 Април, 2024
0.3717

(ВИДЕО) ТРАМП ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ КОН АСАД: Жестоки воздушни удари на САД врз Сирија

Објавено во: Свет 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од американските разорувачи во источниот Медитеран се исфрлени над десетици „tomahavk“ ракети на позициите на сириската војска, а операцијата ја наредил Доналд Трамп како одмазда за наводен напад со хемиско оружје на силите на Башар Асад во Идлиб, јавија агенциите.

Претставник на Белата куќа рекол дека се исфрлени 59 прецизно наводни ракети кои ја погодиле воздухопловната база Шајрат во Сирија. Други претставници претходно објавија дека се исфрлени 70 ракети.


Таа воздухопловна база, според претставникот на Белата куќа има врска со „програмата на хемиското оружје на сирискиот режим и директно е поврзана со ужасниот хемисики напад на 4 април“, пренесе АФП.

Нападот е извршен од американските воени бродови во источен Медитеран.

Трамп наредбата ја издал од Флорида, а со американскиот претседател во тоа време биле државниот секретар Рекс Тилерсон, како и неговиот советник за безбедност Х.Р.Макмастер.


Како пренесува СиЕнЕн, Трамп во текот на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Си Џипин, а секретарот за одбрана Џејмс Матс цело време го информирал за операцијата во Сирија.

Трамп на новинарите им рекол дека е во интерес на САД да ја запрат употребата и ширењето на смртоносното хемиско оружје.

„Вечерва наредив воен напад на позициите во Сирија од кои е извршен напад со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дали Сирија го користела забранетото оружје и ги прекршила обврските кои ги има под Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорирала апелите на Советот за безбедност на ОН. Годината на обид да се промени однесувањето на Асад пропаднаа, и тоа многу драматично“, рекол Трамп.

Можеби ќе ве интересира

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа