(ВИДЕО) Турција ја очекуваат промени – Ердоган е новиот претседател
Објавено во: Балкан 10 Август, 2014 20:40
Во скапа кампања која траеше цели три месеци, Ердоган најави широки уставни промени со кои има намера да го промени политичкиот систем на земјата и значително да ја зајакне претседателската функција.
Прв чекор во таа насока беа токму овие избори на кои турските граѓани за првпат директно го избираа шефот на државата. Според најавите на Партијата на правдата и развојот на Ердоган, во иднина Турција од парламентарна демократија би требало да премине на мешовит полу-претседателски систем каков што има Франција, со нагласена улога на шефот на државата.
Ердоган по победата изјави дека „турскиот народ ја покажа својата волја“ и додаде дека „народот донесе важна одлука за турската демократија и за иднината на земјата“.
Според најавите, Ердоган има намера откако официјално ќе ја преземе претседателската функција, премиерската да му ја довери на досегашниот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу. Тој важи за негов близок соработник, па познавачите коментираат дека на овој начин Ердоган ќе си обезбеди контрола и врз турската влада.
http://www.youtube.com/watch?v=d5bLTLcmVhM
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




