(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА МИЛОШ БИКОВИЌ: Jа прашаa компанијата HBO дали е во ред да соработуваат со човек кој поддржува геноцид?
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2024 15:22
Украинците жестоко го нападнаа српскиот актер Милош Биковиќ поради поддршката на руската инвазија на Украина и на рускиот претседател Владимир Путин.
Украинското Министерство за надворешни работи реагираше на веста дека српскиот актер Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата „Белиот лотос“ на HBO и ја праша компанијата HBO дали е во ред да соработуваат со „лице кое поддржува геноцид и крши Меѓународен закон.”
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на инвазијата, сега ќе глуми во третата сезона на „Белиот лотос“ на HBO“, објави Министерството за надворешни работи на социјалната мрежа X.
Објавија и монтирано видео на Биковиќ, во кое неговите филмски улоги и реплики од сценариото се испреплетени со неговите изјави за Русија, како и наградите што ги доби од Москва и Србија.
Биковиќ еднаш ја коментираше војната меѓу Русија и Украина.
„Културата и уметноста се единствените работи што можат да го поврзат целиот свет. Дури и кога има воена состојба, сепак можете да се поврзете со човекот зад ровот, со нешто што сите го разбираме и го доживуваме“, истакна Биковиќ.
Тој сега не се јави со реакција. Украина редовно реагира доколку руски јавни личности кои ја поддржуваат инвазијата имаат настапи во западните земји. Украинските власти бараат откажување на тие настапи. Руската инвазија на Украина почна пред скоро 2 години.
фото Инстаграм
Видеото можете да го видите овде.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




