(ВИДЕО) Ураганот Никлас зеде 11 жртви во Централна Европа
Објавено во: Свет 01 Април, 2015 19:34
Ураганот Никлас, беснеел вчера во многу региони на Германија, Австрија и Швајцарија, тој досега го одзеде животот на 11 лица, а неколкумина се повредени.
Жртвите во Германија се седум. Три лица беа убиени од паднати дрвја, уште толку загинале поради подмрзнати патишта, а еден од уривање на ѕид виз него, пренесува „Франс прес“.
Во Австрија 63-годишен маж починал, паѓајки од скали, додека се обидувал да си го поправи покривот, а тригодишно девојче било повредено од паднато дрво врз него.
Во Швајцарија 75-годишен маж загинал кога дрво паднало врз неговото возило.
Според податоците на Германската метеоролошка служба Никлас е една од најсилните бури кои ја зафатиле земјата во последните 30 години. Полицијата и противпожарната служба продолжуваат да ги расчистуваат патиштата. На автопатите се формирала голема гужва поради превртените камиони.
На аеродромот во Франкфурт, каде што вчера беа откажани 185 летови, и денес се очекуваат доцнења и откажување на десетици летови. Околу 1.300 патници мораа да ја поминат ноќта во хотели. Во Хамбург лошото време доведе до откажување на 63 летови.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




