05 Декември, 2025
0.0304

(ВИДЕО) Варуфакис – човекот кој треба да и каже “не“ на ЕУ

Објавено во: Анализа 28 Јануари, 2015 13:18

Добивај вести на Viber

Клучно место во владата на Алексис Ципрас му припаѓа “случајно или не, на радикалниот” економист Јанис Варуфакис, првата придавката сам си ја даде, а другите ги додадоа медиумите.

Варуфакис е доктор по економија, британски студент, блогер, гејмер и човек кој би можел да ја растресе модерната Европа. Тој себе си се опишува како “либерален маркист”, а мерките на штедење кои ги наметна ЕУ, ги споредува со методите за мачење на ЦИА.

Според Гардијан, главниот преговарач со европските доверители е човек кој едноставно на Брисел ќе му каже “ние нема вака да плаќаме”. Тој има 53 години и војска на следбеници на социјалните мрежи, благодарение на популарниот економски блог.

Овој блог го посетуваат асистентите на европските лидери.

Парафразирајќи го велшкиот поет Дилан Томас, “грчката демократија одлучи да не оди тивко во темната ноќ, туку да беснее додека светлото не згаснее”, тој на својот блог ја окакарактеризира победата на СИРИЗА. Прита, Варуфакис изјави:


“Ние ќе ги уништиме грчките олигарси, ќе ја уништиме основата на која тие од една деценија во деценија изградија таков систем, мрежа која е злобна потрошувачка на енергија и на економска моќ од сите други во нашето општество.”

Двојниот државјанин на Грција и Австралија треба веднаш застане со Ципрас, тоа е олицетворение на новиот грчки курс (доколку се оствари се она за што во светот се зборува последниве 72 часа) и првата европска земја, која што отворено ќе се спротивстави на штедење и цврсти барањата на ЕУ, ММФ и ЕЦБ.

Негов приоритет ќе биде да се избори за нова отплата и нова програма на плаќање на тешките 240 милијарди евра и за намалување на добар дел од долгот од 320 милијарди евра.


“И на осумгодишник му е јасно дека стегањето на ременот трагикомично ја доведоа Грција пред банкрот во 2010 година. Европа во својата бескрајна мудрост, одлучи дека со една ваква ситуација се носи најголемиот заем во историјата на човештвото, кој треба да го врати најслабата држава во светот, односно грчките даночни обврзници” изјави тој за Би Би Си.

Тогаш тој изјави дека потегот на Европа е финансиски пандан на методите на тортура на затворениците, кои ги применува ЦИА.

Тој се образовал во Велика Британија, докторирал на Универзитетот во Есекс, а минал и една година на Универзитетот во Кембриџ. Има предавано во Австралија, Грција и Соединетите Американски Држави.

Се појавувал како коментатор на главните телевизиски мрежи како економски аналитичар – од британскиот Би Би Си, преку СNN, на руски “Раша УСА Тудеј”.

Тој е автор на неколку книги за деца, а она што е многу важно во неговата биографија е дека во 2012 година работел во корпорацијата “Valv”, еднa од најмоќните индустрии за видео игри.

  К.К

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени