(ВИДЕО) ВЕЌЕ РАБОТИ: Кинезите за десетина дена изградија и втора болница
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2020
За десетина дена втората болница за заболени од коронавирус е изградена во градот Вухан. Кинеските медиуми пишуваат дека болницата веќе работи.
„Болницата Лејшеншан, уште еден новоизграден објект специјално дизајниран за лекување на пациенти заразени од коронавирус, официјално е отворена денеска. Има 1.600 кревети и вработува околу 2.000 медицински персонал“, објави кинескиот државен весник Глобал Медиа на Твитер.
Неодамна првата кинеска болница за пациенти инфицирани од коронавирус се отвори во близина на Вухан. За два дена, работниците и волонтерите работеа на реновирање на испразнетата зграда во здравствена установа во која има 1.000 кревети.
Инаку, денеска Министерството за надворешни работи потврди дека тројца македонски државјани се задржани на брод во Јапонија, поради присуство на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.