05 Декември, 2025
0.0296

(ВИДЕО) ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА: Верниците се распнуваат на крст

Објавено во: Анализа 18 Април, 2014 13:27

Добивај вести на Viber

Илјадници луѓе и годинава беа сведоци на традицијата за вистинско распнување на верници на Велики Петок во филипинското место Сан Фернандо. Иако црквата не ја поддржува оваа традицијакоја ја смета за непотребна суровост, сепак таа и носи значителни приходи на локалната туристичка заедница, која нема намера од неа да се откаже. Најмалку девет лица се пријавиле годинава да бидат распнати како Исус Христос, ритуал кој со децении се одржува на Филипини, католичка земја во Азија. Распнувањето се случува во Сан Фернандо, рурална област на околу 65 километри северно од Манила. Организаторите годинава дури одлучиле целата церемонија да ја растегнат во текот на целиот ден, а не само во неколку часа, за да се избегнат гужви. Полицијата проценува дека бројот на туристи кои денеска ќе го посетат ова мало место надминува 40.000, како и дека 5% од нив се странци. Годинава дури и ќе биде распнат еден од нив - Данец побарал да биде дел од групата која ќе го прикажува распнувањето на Исус, заедно со осуммина Филипинци. Ним им се забиваат челични клинци со должина од 7,6 сантиметри, додека ги набљудуваат селани облечени како римски војници. Верниците кои се пријавуваат за церемонијата често тоа го прават неколкупати во животот, како чин на вера, за здравје на семејството или за благосостојба. Манифестацијата е голем извор на приходи за локалните хотели и угостителски објекти, но локалните власти тврдат дека тие не ја охрабруваат или поттикнуваат крвавата традиција - едноставно не можат да ја спречат. Од церемонијата се оградува и католичката црква, која настанот го смета како „приватен исказ на верата од страна на локалното население“. Како изгледа церемонијата, погледнете во видеото, но дел од снимките можат да бидат ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: http://www.youtube.com/watch?v=uVE_Vr-FvLA

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени