05 Мај, 2024
0.0328

(ВИДЕО) ВЕНЧАВКА НА ГОДИНАТА: Џорџ Клуни веќе нема да е ерген!

Објавено во: Стил 27 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Холивудскиот актер Џорџ Клуни наскоро пак ќе вплови во брачни води. Ова ќе биде негов втор брак  - во Венеција ќе се ожени со британската адвокатка со либанско потекло Амал Аламудин. Властите во Венеција в понеделник целосно ќе го затворат центарот на градот, затоа што тогаш ќе се одржи официјалната церемонија на венчавката. Но, забавата веќе е започната, а во Венеција пристигнуваат околу 150 гости, меѓу кои и многу холивудски ѕвезди, пријатели на познатиот актер. Викендов многумина и туристички ќе ја посетат Венеција, во надеж дека ќе бидат сведоци на дел од венчавката на годината. Од утрово новинари и фоторепортери чекаат пред палатата во која ќе се одржи венчавката. http://www.youtube.com/watch?v=YhnRyZjBOk4 Најавено е дека гости на свадбата ќе бидат Бред Пит и Анџелина Џоли, Андреа Бочели кој ќе пее на церемонијата, Боно Вокс и У2, поранешниот супермодел Синди Крафорд, а Мет Дејмон и неговата сопруга веќе пристигнале. Бродовите што ќе ги превезуваат младенците и гостите веќе ги носат иницијалите на идните сопружници. Забавата ќе се одржи во хотел со седум ѕвездички, додека венчавката ќе биде во венецијанската градска палата од 16-от век. Синоча се одржа првата проба пред самата венчавка. Папараците во чекор го следат славниот пар, на кој се чини дека вниманието не му пречи. 36-годишната адвокатка Аламудин, која студирала на Оксфорд, работела во Меѓународниот суд на правдата како советничка на главниот обвинител во Посебниот суд за Либан за случајот на убиството на премиерот Рафик Харири. Му помагала и на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан во напорите за воспоставување мир во Сирија. Ја бранеше и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко и основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Клуни, пак, од останатите холивудски ѕвезди се разликува по своите политички и хуманитарни активности и се истакна по грижата за бегалците од Дарфур во Судан и за жртвите во земјотресот на Хаити во 2010 година.