(ВИДЕО) Верувале или не: Си ја менува куќата за новиот Ајфон 6
Објавено во: Стил 10 Октомври, 2014 17:27
Навистина, куќата не е во „бог знае каква состојба“, но сепак, оваа понуда и понатаму е неверојатна!
Сопственикот на куќата, кој живее далеку од Детроит, каде се наоѓа недвижноста, неуспешно се обидува да ја продаде веќе со месеци.
-Мојот клиент не живее овде и е подготвен на се само да ја продаде, вклучувајќи замена за Ајфон 6. Според она што го слушнав, мислам дека е во прашање Ајфон 6 плус, но клиентот е подготвен да преговара - вели продавачот на недвижности за Фокс мрежата.
Тој напоменува дека сопственикот на куќата е подготвен да ја менува и за Ајпад со 32 гигабајти меморија. Изгледа дека данокот на напуштена или недовршена куќа во тој крај, сепак, е преголем за Австралијанецот кој е сопственик на куќата.
Куќата имала почетна цена од 5000 долари, а после неколку спуштања дошла на три илјади. Моментално сопственикот ќе ја менува за било што од Епл техника, само е важно да биде неотшакувано и нов модел на уредот.
Според зборовите на соседите кои живеат таму, куќата веќе долго време е напуштена, односно во запуштена состојба, има три соби, толалет ипол, градена е од цигли и предвидена за рушење. Сепак, после Тв прилогот во кој е најавено „менувањето“ на куќата за Ајфон, телфонот на продавачот не престанал да звони. Добивале навистина интересни понуди.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





