(ВИДЕО) Во одморалиштето „Албена“ евакуирани 1.200 туристи
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2014 21:25
Околу 1200 туристи во Албена се евакуирани од хотели лоцирани во близина на резерватот Балта поради поројните дождови и надојдената вода од реката Батовска, соопштија од туристичкиот комплекс. Гостите се сместени во други хотели во туристичкиот комплекс, кои не се погодени од тешките временски услови кои ја зафатија Бугарија во последните 24 часа, пишуваат бугарските медиуми.
Нема настрадани гости. „Останав со впечаток дека туристите ја прифаќаат ситуацијата како објективна вистина. Пред нив е реката, водата, ги гледаат дождовите. Не можам да кажам дека луѓето се задоволни и среќни, но не можам да кажам дека ќе си заминат со едно исклучително негативно чувство од Бугарија“, рече на прес-конференција извршниот директор на компанијата Красимир Станев.
Според него потребно е да се направи истражување на главните текови на реката Батовска и да се види до кој степен реката е надојдена, и зошто не поминала преку коритото кое е наменето за такви цели.
Најпогоден од поројните дождови е хотелот „Гергана“ а водата однесе дел од фоајето на рецепцијата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




