20 Декември, 2025
0.0735

(ВИДЕО) Во ова хрватско место граѓаните не плаќаат данок, а општината нема ниту евро долг!

Објавено во: Балкан 31 Август, 2015 18:49

Добивај вести на Viber

Мештаните на далматинската општина Марина крај Трогир веќе петта година не знаат што се тоа општински долгови бидејќи буџетот на Maрина константно расте. Не само да расте, туку има и суфицит. Со тоа, мештаните се ослободени од плаќање данок, што значи дека не плаќаат давања во локалната самоуправа кои во Загреб на пример, изнесуваат 18 одсто. Кога згора на се мештаните или нивните гости погрешно ќе се паркираат, на шофершајбна не ги дочекува казна, туку љубезно предупредување во кое им се објаснува дека се паркирале на место каде тоа не би требало да го прават.

Градоначалникот Ентони Мамут вели дека тоа е постигнатo многу едноставно - со планирање.

Marina,_Hrvatska_001

Да, вистина е дека приходите ни растат од година во година и константно сме во плус. До пред пет години буџетот ни изнесуваше околу 2 милиони евра, а сега се качува и на 3 милиони евра. Тоа беше многу лесно да се постигне. Само треба да се престане со безмислено политизирање и собирање ефтини поени и да се донесат вистинските планови. Останатото тргна само од себе“, вели Мамут кој на изборите го поддржале повеќе од 58 посто избирачи, односно повеќе од 1500 од околу 4000 запишани гласачи.

Тој најпрво започнал со враќање на долговите, а денес општината нема „ни куна долг“. Градоначалникот потоа се фатил во стапица со неуредената локална документација, Најмногу му недостасувале плански документи.

„Ниедна зграда не беше легализирана. Не дочека просторен хаос. Општината немаше подготвен ниеден проект. Марина не беше легализирана. Се тоа требаше малку, по малку да се решава и во тоа успеавме“, вели Мамут.

Општината почнала да ги подига сопствените приходи како би финансирала се поголем број проблеми со кои почнале да се занимаваат. Така со своите проекти почнале да конкурираат на различни конкурси и да добиваат пари од државата, округот ...

Помалку е нејасно како се тоа успеале да го постигнат без данок, но Мамут тврди дека пресметале дека данок не им е потребен, поготово откако е воведен ред во други плаќања. Дел од парите им дава округот, дел добиваат низ други даноци и државни давачки, а голем дел доаѓа и од комуналниот допринос и различни такси. Сепак, од следната година ќе се воведат казни за паркирање, иако не е потребно да се паркира илегално бидејќи во повеќето места е можно да се остави автомобилот без никаква наплата.

„Можеби казните би ни дале додатни приходи, но тоа, просто, не се толку значајни пари за да со репресијата удриме на своите граѓани и туристи, објаснува Мамут.

Од 1993 до 2008 со Марина управувал ХДЗ кој, велат владеел со челична рака. Зградата на општината била под клуч, а пред неа обезбедување.

marina-0859

„Тоа беше забранет град. Кога дојдов, веднаш го променив тоа и општинската зграда им ја отворив на мештаните, на кои им припаѓа. Па тоа не е моја зграда, мој буџет. Општинските пари ги сочинуваат средства кои ги акумулираат сите граѓани на Марина, а на нас како власти ни е да се обидеме максимално да им возвратиме“, ја објаснува својата филозофија Мамут, кој сега се врти кон фондовите на ЕУ.

Вели дека неговата главна предност е не зависи од дневнополитички препукувања. Ано о тоа штое , како за себе сака да каже, политичар кој не е одвоен од народот.

Тој има 9000 насади со винова лоза и 600 стебла маслинки од кои солидно живее. Работел како бравар додека не станал инвалид. Пред Марина немал никакво политичко искуство.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/6kFvqV76IzM[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација