ВИДЕО ВО ЖИВО со Путин: Испораките на S-300 на Иран не се под удар на санкциите на ОН
Објавено во: Свет 16 Април, 2015 12:47
„Ние не треба да ги трпиме санкциите, а да ги користиме за да излеземе на ново ниво на развој“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашање до кога ќе прадолжат санкциите на ЕУ против Русија.
Тоа според рускиот претседател ќе го стимулира домашното производство и ќе има позитивен развој на земјоделството, што тој го смета како дел од националната безбедност. Путин објави уште дека санкциите не се одразиле фатално врз индустриското производство и падот е далеку под предвидениот.
„Имаме доволно ресурси и човечки ресурси, и талент на луѓето, и подготвеност на луѓето да работат, го знам нивниот став, но нашата задача е да поминеме низ овој период со најмалку загуби. Ние не треба да ги трпиме санкциите, а да ги користиме во своја полза“, одговори Путин на прашањето дали државата располага со доволно средства да ги надмине санкциите.
2,3 трилиони рубљи предвидела Русија за реализација на планот за надминување на санкции, стана јасно од одговорите на прашањата на рускиот претседател.
„Очите се плашат, но рацете го прават“, го сумираше Путин пристапот на руските власти во надминувањето на последиците од санкциите.
Рускиот претседател одговори и на прашањето на поранешниот министер за финансии Кудрин, поврзано со намалувањето на растот на економијата. „Тоа е правилно, треба да имаш глава, за да правиш писмено економска политика, но треба да имаш и срце, за да гледаш како живеат луѓето“, изјави Путин образложувајќи ја својата теза дека акцентот треба да е врз социјалната политика, а не контракцијата на трошоците за неа и рестрикциите за кои агитираат либералите. И додаде дека ако не го гледаат реалниот живот, управувањето ќе пропадне до ситуацијата од 90-тите години на минатиот век, кога власта ја изгубила довербата на луѓето и ќе и требаат уште повеќе пари, за да ги совлада последиците.
Путин изрази сомневање дека САД, Европската комисија и целата еврозона ќе се справат со сегашните проблеми. „Државниот долг на САД го надмина бруто националниот производ, а тоа крие опасности за целиот свет“, истакна Путин.
На наодите на граѓаните дека увезената продукција продолжува да влегува во земјата за сметка на руската, дека има значително повисоки цени и дека „ние знаеме како изгледаат овие јаболка“, како што се изрази граѓанинот по повод на полските јаболка, Путин одговори: „Вие треба да знаете како изгледаат овие цариници кои дозволуваат такви јаболка“.
Следете го во живо во видеото.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KIAqvNRAl40[/embed]Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




