Видео за донациите од Заеви: Еве што сподели портпаролот на СДСМ, Костадинов
Објавено во: Македонија 04 Април, 2020
Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и солидарни, да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна, напиша статус на Фејсбук, портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, и сподели видео за донациите од Заеви, и покрај тоа што лидерот на партијата Зоран Заев во едно интервју рече дека помагаат, но семејството не сака да се фали со тоа.
Во постот понатаму Костадинов додава:
За таа цел огромна благодарност до фамилија Заеви за помошта кои ја даваат, за донираните пакети на кризниот штаб, секако и на волонтерите кои неуморно работат за да ги распределат каде што е потребно.
Како волонтер, апелирам сите граѓани да бидат солидарни, сега сме си најпотребни.
Ќе повторам како волонтер стојам на располагање на сите граѓани на кои им е неопходна помош и ве уверувам дека ќе го победиме ова зло. Доколку имате потреба мојот личен телефонски број е 075/207-451. Барајте ме во секое време.
Видеото е на овој линк:
https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/videos/10218284253350872/
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.