(ВИДЕО) За прв пат снимки од внатрешноста на резиденцијата на севернокорејскиот владетел
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2018
Телевизиските камери првпат имале можност да влезат во резиденцијата на севернокорејскиот лидер за време на неодамнешниот состанок меѓу Ким Џонг-ун и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и да снимат што има во нејзината внатрешност.
До палатата во близина на Пјонгјанг, чија точна локација не е позната, новинарите биле однесени со полициска придружба и морале да ги предадат сите свои мобилни уреди.