15 Декември, 2025
0.4044

(ВИДЕО) ЗАГИНА РУСКИ ВОЕН ОФИЦЕР БЛИЗУ МОСКВА: Настрада при експлозија на автомобил

Објавено во: Свет 25 Април, 2025 16:55

Добивај вести на Viber

Висок руски воен офицер денеска загина во експлозија на автомобил во близина на Москва. 

Ова се случи во градот Балашиха, источно од Москва, потврди Истражниот комитет на Русија. Офицерот е именуван како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили, а службите соопштија дека е отворена кривична постапка за инцидентот.

„Според достапните податоци, експлозијата се случила како резултат на детонација на рачно изработена експлозивна направа исполнета со деструктивни елементи“, велат од Истражниот комитет.


Рускиот медиум База, пишува дека бомба во паркиран автомобил била детонирана од далечина кога офицерот – кој живеел во близина – поминал покрај него.

Весникот „Известија“ објави видео-снимка на која се гледа лице кое се приближува до ред паркирани автомобили пред станбен комплекс и експлозија од која делови од возилото летаат неколку метри во воздух. Весникот „Комерсант“ објави дека е убиено и второ лице.

Украинската тајна служба на ваков начин елиминираше повеќе руски воени лица во последниве три години откако почна руската инвазија на Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година и сега САД бара двете страни да направат компромис и војната да заврши. 

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете