Видео: Жесток судир меѓу Кина и Индија кој може да предизвика војна
Објавено во: Свет 03 Август, 2017
Кина и Индија ги заоструваат односите поради оспорената територија во провинцијата Донгланг во чија близина на двете страни на границата се распоредени воени сили. Донгланг е управуван од Кина, но право на територијата со децении бара Бутан, кој пак напомош повика воени сили од нивниот сојузник Индија.
За време на дебатата на кинеското ТВ Шоу „Поента“ пензионираниот индиски генерал мајор Ашок Мехта тврдеше дека Пекинг развива воена и агресивна реторика против Њу Делхи и дека кинеските медиуми водат тешка пропаганда. Водителот го запраша да цитира конкретен медиумски натпис но, тој само посочи дека медиумите ги следи од 1991 година кога се повлекол од армијата и станал колумнист.
Полковникот Жу Бо од кинеското министерство за одбрана го предупреди Мехта дека треба да се повлечат од кинеска територија и да внимава каков јазик користи.
Кина во Донгланг провинцијата започна со изградба на пат кој ќе и овозможи многу поволна стратешка позиција што не им одговара на Индија и Бутан.
На нивното распоредување на воени трупи Кина одговори со обемни воени вежби на голем број на пешадиски и механизирани единици во близина на Тибет и порача дека преговорите може да продолжат, но без закани од Индија и Бутан.