(ВИДЕО)„СЕ РАЗВИВА БИЗНИСОТ, ЦВЕТА ТУРИЗМОТ И ПОЛЕСНО СЕ ПАТУВА“: Николоски за експресниот пат Градско -Дреново - Фариш
Објавено во: Економија 27 Јули, 2025 18:03
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.
Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски. Во продолжение интегралното обраќање:
"Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија.
Се развива бизнисот, цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат. Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија. Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни.
На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион. Активно работиме и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина. Нека е за убаво и летово да има безбеден сообраќај" -истакна вицепремиерот Николоски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




