23 Јуни, 2024
0.0236

Виена повторно најдобра за живот – Тирана на дното во Европа

Објавено во: Анализа 20 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

И годинава Виена ја предводи листата на најдобри градови за живеење во светот, според листата на консултантската компанија Mercer. Втората и третата позиција се за Цирих и Окланд. Минхен е на четвртото место, по него следи Ванкувер, кој е и градот со најдобар пласман во Северна Америка, наведуваат од компанијата. Сингапур (на 25-та позиција во вкупната рејтинглиста) е најдобар град за живеење во Азија, а Дубаи (73-ти во светот) - во Блискиот Исток и Африка. Mercer ја прави студијата за најдобрите градови за живеење секоја година, за да им помогне на мултинационалните компании и други работодавци да ги компензираат нивните вработени при преместување во странство. Во годишниот извештај се презентираат препораки за над 460 градови низ целиот свет, а рангирањето опфаќа 223 од овие градови. "Политичката нестабилност, високите нивоа на криминал и зголеменото загадување на воздухот се неколку фактори, кои можат да бидат штетни за вработените од странство, нивните семејства и локалното население", се наведува во резимето на извештајот. "За да се осигура дека компензациските пакети ја одразуваат локалната средина на соодветен начин, на работодавците им е потребна јасна слика на квалитетот на живот во градовите каде што тие работат", вели Слагин Пракатил, виш истражувач во Mercer. "Европските градови се задоволни од високото вкупно рангирање по квалитетот на живот во споредба со оние во другите региони. Здравството, инфраструктурата, објектите за рекреација се генерално на многу високо ниво ", посочува Пракатил. Политичката стабилност и релативно ниските нивоа на криминал дозволуваат странците да се чувствуваат безбедно и сигурно во повеќето европски градови, додава експертот. Главниот град на Грузија, Тбилиси е градот од европскиот регион со најслаб пласман на 191-вото место во вкупна конкуренција. На дното на листата се исто Минск (189), Ереван (190), Тирана (179) и Санкт Петербург (168). Меѓу најдобрите места за живеење во Северна Америка доминираае канадски градови. Ванкувер ја предводи регионалната рејтинг листа, следен по него е Отава (14-то место во вкупниот рејтинг), Торонто (15), Монтреал (23) и Сан Франциско (27). Најниска позиција во регионот го забележува Мексико Сити (122) , проследен од Детроит (70 ), Сент Луис (67 ), Хјустон (66 ) и Мајами (65 ) . Во истражувањето за 2014 година Mercer за прв пат ги призна градовите од "вториот ешалон", или растечки градови, низ целиот свет . "Овие градови инвестираат во развојот на инфраструктурата и во привлекување на странски инвестиции преку обезбедување на стимуланси, како што се станови, даночни олеснувања и друго" , посочува Пракатил. "Новите градови ќе станат големи играчи, со кои традиционалните финансиски центри и метрополи ќе мора да се натпреваруваат ", додава тој. На дното на листата како најлош град за живеење е Багдад. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите