„Вијести“: Црна Гора ги истражува валканите пари на рускиот бизнисмен Романов
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 13:56
Во Црна Гора е покрената истрага против рускиот државјанин Александар Рoманов заради сомнение дека со купувањњето на два елитни хотели на Свети Стефан „испрал пари“ стекнати со некое кривично дело, пишува подгорички „Вијести“.
Весникот, имено, наведува дека кога богатите Руси пред неколку години изнакупија недвижнини на Црногорското крајбрежје, надлежните не проверуваа дали нивните милиони се чисти или потекнуваат од некое кривично дело.
Со текот на времето се отвораа афера по афера, а заедничкото им беше тоа што „валканите руски пари“ завршија на црногорските сметки.
Така неодамна и Александар Романов, сопственикот на два елитни хотели на Свети Стефан, кој во Русија веќе е зад решетки, е ставен на листата на оние чии пари, добиени од корупција, се испрани со купувањето недвижнини во Црна Гора.
Весникот истакнува дека таквата информација ја објави и московска „Комсомолскаја правда“ која вели дека на Романов, инаку, пензиониран полковник на руската надворешно- разузнавачка служба, му бил запленет целиот имот во Москва.
„Комсомолскаја правда“ пишува дека во текот на истрагата било утврдено дека парите што Романов ги стекнал со мито како висок раководител на една државна компанија, ги испрал во Црна Гора.
-Милиони рубљи и долари од таквиот профит, наводно, се испрани преку банки и потрошени на купување акции и недвжнини во странство, тврди московскиот весник, а пренесува „Вијести“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





