25 Април, 2025
0.0283

ВИКЕНДОВ ДОАЃА ВИСТИНСКО ЛЕТО: Температурите ќе рипнат над 30 степени

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 09:52

Добивај вести на Viber

Од овој викенд вистински летни температури и до 35 степени, придружени со локална попладневна нестабилност и можност за ново невреме, најави Славчо Попоски.

Периодот на локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и со услови за локално невреме во Македонија продолжува и во следниот период.

Тој исто така додава дека, од викендот, па некаде до средината на следната недела под влијание на изразено југозападно струење на висина, температурите позначително ќе пораснат и тие ќе бидат натпросечно високи и навистина летни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Не се исклучува можноста во овој период тие во најтоплите централни и југоисточни предели локално да надминат и 35 степени.

Токму поради изразеното југозападно струење на висина, од викендот и тоа од Сахара кон Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата нема да биде во целост чиста и ќе биде заматена.

Во Скопје исто така од викендот температурата значително ќе се покачи и над 30 степени, заврши метеорологот.


Можеби ќе ве интересира

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи