19 Декември, 2025
0.0582

Виктор Мизо на самит за слободни економски зони во Малезија

Објавено во: Економија 27 Март, 2013 12:06

Добивај вести на Viber

Од 25-27 март 2013 година во Куала Лумпур, Малезија се одржува вториот Глобален саем и самит за слободни економски зони. Овој меѓународен настан на кој присуствуваат повеќе од 450 делегати и изложувачи од Азија, Европа, Америка и Африка е фокусиран на стратешкиот и одржлив развој на меѓународната слободна трговија и развојот на специјалните економски зони во светот. На настанот како панелисти учествуваат претставници на едни од најразвиените специјални економски зони во светот и тоа од Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Индија, Оман, Јужна Кореја и многу други, како и високи претставници на World Bank, PWC, Site Selection, fDI Intellegence и други консултантски куќи и реномирани медиуми од инвестицискиот сектор. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо и претставници на Дирекцијата земаа учество на овој настан при што преку директни контакти на поединечни средби ги презентираа Технолошко-индустриските развојни зони на Република Македонија. Покрај презентирањето на можностите за директно инвестирање во зоните, беше разговарано со приватни оператори на зони од Индија, ОАЕ, Кореја и Малезија како можни партнери за развој и управување на некои од зоните во Македонија. Во рамките на самитот делегацијата на Дирекцијата за за технолошко-индустриски развојни зони ќе оствари посета на Специјалната економска зона Искандар Малезија во која Владата на Малезија досега има инвестирано повеќе од 2 милијарди американски долари и претставува најголем инвестициски проект во регионот. Глобалниот саем и самит за специјални економски зони претставува огромна можност за директно поврзување на водечките меѓународни инвеститори и производители со глобалните инвестициски дестинации како и со владите и владините институции кои оперираат со специјалните економски зони.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар