19 Декември, 2025
0.0594

Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

Објавено во: Економија, Мои пари 04 Мај, 2015 11:14

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, во рамки на предвидениот законски рок, ја исполни обврската за исплата на откупено грозје од последната берба. За преземените 18 милиони килограми грозје од бербата во 2014-та година на лозарите – партнери на ВВ „Тиквеш“, заклучно со 30-ти април, исплатени им се вкупно 250 милиони денари.

Иако неповолните временски услови имаа значајно влијание на квалитетот на грозјето, сепак ВВ „Тиквеш“ успеа да обезбеди квалитетна суровина за производство на вино при што задржано е високо ниво на просечна цена од 14 денари за килограм грозје, а воедно исплатен е и дополнителниот бонус за екстра квалитетното грозје.

„И во годината која заради временските неприлики,беше исклучително тешка за лозарството и домашната винска индустрија, „Тиквеш“ остана доследен на својата определба да гради долгорочен партнерски однос со лозарите кој овозможува стабилно снабдување со квалитетно грозје кое е основа за создавање на врвни вина. Ова уште еднаш јасно го покажуваат откупените количини, постигната цена, како и навремената исплата на откупеното грозјевели генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Винарската визба „Тиквеш“ е целосно посветена на континуирано унапредување на соработката со лозарите, како една од нејзините стратешки развојни цели. Во таа насока, „Тиквеш“и оваа година ќе продолжи, преку најразновидни активности, стручни совети и едукација на лозарите за примена на современи агро-технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади, да креира услови за производство на грозје со одличенквалитет. Доколку лозарите ги почитуваат насоките и упатствата, ВВ „Тиквеш“ го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и обезбедува дополнителен бонус при исплата на тоа грозје.

Исто така, во зависност од квалитетот на грозјето, ВВ „Тиквеш“ планира зголемување и до 20% на откупените количини од годинешната берба, што е во согласност со развојните планови на винарницата за зголемување на пласманот на вино, пред сè на странските пазари.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии