Добивај вести на Viber
Од денеска па до 15 февруари, во рамки на најголемиот руски саем за вино Prodexpo, винарницата Стоби ќе ги претстави своите вина. Како што информираат од винарницата, рускиот саем за вино има осумнаесетгодишна традиција и досега се покажал како најефикасен начин за промовирање производ во големата Русија, како и во цела Југоисточна Европа.
„Винарницата Стоби по втор пат е присутна на големиот Podexpo, саем кој за нас претставува одлична можност за промовирање на нашето вино, што подразбира промоција на винскиот бренд на голем број пазари не само во Европа, но и низ светот. Да се биде дел од овој саем за нас претставува развој на својата бизнис-мрежа, соработка со врвни компании од винскиот сектор, размена на искуства и пред сè, понуда на квалитетно македонско вино.На овој саем, кој всушност, е најголемиот руски саем за пијалаци, храна и сурови прехранбени производи, ќе бидат застапени повеќе од 2.000 изложувачи, од Русија, Централна и од Југоисточна Европа“, изјави Јадранка Клариќ-Кимовска, комерцијален директор на винарницата Стоби.
Саемот Prodexpo во текот на петте саемски дена, од 11 до 15 февруари, во просек го посетуваат од 50 до 60 илјади посетители, меѓу кои специјалисти за храна и пијалаци, производители, сопственици на синџир од маркети,дистрибутери и слично.
Присуството на саемот во Русија е поддржано и во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, заедно со Македонско-руската стопанска комора.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.