ВИП УСПЕШНА ПРИКАЗНА: Ја формирале за да преживеат, а денес битолската компанија Кандико е на врвот
Објавено во: Економија, VIP успешни приказни 22 Февруари, 2019
Ретки се оние кои можат да се пофалат со долг ортачки стаж, но дека има такви успешни компании доказ е битолски Кандико. Постои повеќе од 25 години, сега има и повеќе од 50 вработени. На стартот биле само двајца партнери и една желба околу потребата да направат нешто што ќе функционира и ќе обезбедува пари за преживување. Кандико е трговска фирма за прехранбени и колонијални производи, една од попознатите во битолскиот регион. Почетокот не бил лесен, но успехот е вреден оти е скалест и искрен.
„Оваа работа, и покрај тоа што ја имавме работено во општествената фирма, за нас беше голем предизвик, затоа што лично не располагавме со почетен капитал, туку само со домашни неплатени сметки. Тогаш, на пазарот во Битола, но и во Македонија, веќе постоеа големи и етаблирани компании. Нашиот успех се гледа и во тоа што денес повеќето од тие компании не постојат, а ние изградивме почитувана и респектабилна фирма која на пазарот опстојува веќе 25 години, вели Томислав Стојчевски, еден од управителите на Кандико доо.
Амбицијата ја делел со неговиот партнер Раде Христовски. Во надеж дека ќе сработат за по една плата, на почетокот и двајцата работеле буквално се. Биле и магационери, комерцијалисти, возачи, но и директори. После шест месеци го купиле првиот компјутер, а го вработиле и првиот работник.
По една година Кандико, веќе имал петмина вработени, интерен компјутерски систем, но и сопствено книговодство.
„Она што најмногу придонесе за нашиот развој, и покрај големата конкуренција, и што не направи поразлични од другите беше и се уште е односот кон нашите коминтенти, купувачи и добавувачи. Се трудевме и успеавме да изградиме партнерски однос, а не само комерцијален, купопродажен. Купувачот секогаш беше и се уште е во центарот на нашето внимание. Од друга страна, обврските кон добавувачите ги исполнуваме навреме и квалитетно, вели Стојчевски.
Слични компании има многу, конкуренцијата е сурова, па патот не бил секогаш лесен. За сопствениците работното време траело и по 10 до 12 часа. Стојчевски вели дека добро е што на крајот нивниот концепт за партнерски однос со клиентите се покажал како исправен и успешен.
„Во целата работа имавме подеми и падови, но останавме на нашиот концепт. Нелојалната и не фер конкуренција, за жал, се уште е голем проблем во нашето работење и опстојување. Имам впечаток дека на нашиов пазар не постојат услови за фер и лојална конкуренција. Како се менуваа условите на пазарот така и ние се прилагодувавме на нив. Но, таквото прилагодување бара и постојано следење на новите технологии во трговијата. Денес е незамисливо работење без изграден информатички систем и негово сигурно функционирање“, вели Стојчевски.
Во работата посебен третман имаат и другите партнери, тие кои им ја надополнуваат работата. Меѓу нив и телекомуникациската компанија Вип.
„Намерно велам партнери, затоа што и Вип како и ние гради партнерски однос со клиентите, а од друга страна нуди технички стабилни и економски прифатливи услови. Она што најмногу не привлече кон ВИП е нивниот партнерски однос и третманот што ни го даваат, достапни за се и во секое време, од техничари до директори. Во ВИП го имаме нашиот комуникациски партнер во сите сегменти, не само во телефонијата. Сигурниот пренос на податоци, видео надзорот, мобилните конекции и се друго“, посочува Стојчевски.
Кандико чекори напред и сопствениците не планираат да запрат. Компанијата сега е модерна и одржлива со изгледи да има одмерен и сигурен раст и во иднина, таков каков што имала и досега. Не по секоја цена и не наеднаш.
Ирена Ставрова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.