Vip успешна приказна: Како визијата на Powerhouse го донесе пилатесот во Македонија
Објавено во: Економија, VIP успешни приказни 29 Ноември, 2018
Уште во далечната 1945 година Џозеф Пилатес ја претставил својата визија за здравјето и општа благосостојба. Истата и денес, по толку години може да се прифати без сомнение. Пилатесот им помага на менталното и физичкото здравје, ја зголемува флексибилноста, ги зајакнува мускулите. Од 2005 година само во САД, го практикуваат над 11 милиони луѓе со повеќе од 14.000 регистрирани инструктори.
А во последните 20 години и во нашата земја има се повеќе вљубеници во пилатесот. Ним оваа вежба, овие техники им се хоби, ама и начин на живот, потреба без која не се комплетни. Го практикуваат пред се жени, но во последно време и мажи. На наше тло дојде благодарение на Powerhouse Pilates студиото. Нивната приказна е емотивна, плени и ти носи милина на душата. Уште како на првиот ден пред 16 години. Ни ја раскажа инструкторката Ивана Каратукова.
Како почна се
Тоа било во 2002 година. Кога балерината и првиот пилатес инструктор во земјава Ирина Митевска практично го донесе пилатесот како техника во Скопје и Македонија. Сега во специјализираното Powerhouse Pilates студио, приказната на Ирина ја продолжува амбициозен тим инструкторки. Инспиративните Јована Мицевска, Снеже Велков, Марија Алексиќ, Елена Јаневска, Катерина Трповска, Надица Боева, Фросина Боцеска, Ивана Каратукова.
„Се почна со нејзината амбициозност, умешност. Нејзината визија. Таа е првиот пилатес инструктор во Македонија - Ирина Митевска. Тоа е мојата менторка која засекогаш ќе биде дел од мене, иако, за жал, не е повеќе меѓу нас. Задоволните девојки кои вежбаат низ годините во нашето студио се тие кои ја градеа и ја градат приказната подоцна. Еве после 16 години пилатесот успешно го практикуваат многу жени и девојки, и по некое момче. Ирина беше поранешна балерина исто како и јас и некои девојки од нашиот тим, и креативноста на часовите доаѓа од годините наназад на формална едукација на класичниот балет, а тоа се основите за пилатесот што го демонстрираме и практикуваме. Секој час се обидуваме да го направиме прецизен и функционален и многу наши девојки и по долги години вежбање останале лојални на истиот“, раскажува Ивана додавајќи дека единствениот предизвик што го имале е девојките да го дознаат пилатесот како техника и да се заљубат во него.
Визијата на Ирина била пилатесот да биде достапен за секого па по првото во Дебар маало се отвориле студија во Аеродром и во Кисела Вода. Каратукова вели дека постојано се пред нови предизвици, но дека достојно им одговараат.
Од балерина до Пилатес инструкторка - приказната на Ивана
И почетоците на Ивана се поврзани со балетот. Впрочем и таа била успешна балерина, која благодерение на Ирина е и успешна инструкторка. Познавањето на класичниот балет многу помогнало во креирањето на тренинзите.
„Со Ирина си кликнавме од прва. Таа балерина, јас исто, и низ смеа додека вежбав еден ден ми рече ајде после мене, следниот час одржи го ти. И така после секојдневно вежбање, работа на себе, одрекување од многу работи и држење часови под менторство на Ирина станав ова што сум денес и многу сум и благодарна за тоа. Веруваше во мене и направи од мене одличен инструктор“, вели Каратукова.
Таа има посебен начин на организација на часовите. Внимава доста при тренирањето да бидат опфатени сите мускули на телото, иако во пилатесот секое движење е прецизно и строго определено. Секој тренинг е однапред смислен а на часовите се користат и реквизити. Пилатес топки, bosu полутопки, степери, kettlebel, медицински топки, Box-ови,TRX, ластици.
Креацијата во спој со технологијата, делото продолжува
За мене пилатесот е креација на вежби, секоја вежба има повеќе прецизни движења и со тоа не само што се активираат мускулите се активира и умот, пилатесот е техника во која е неопходно да се координираат умот и телото за да се добијат вистинските бенефити од вежбањето, вели Ивана.
Придобивките на денешницата пак им овозможуваат да се вмрежат, да го спојат убавото со корисното. Затоа тука им е операторот Вип.
„Дигиталната ера налага користење на интернет услуги, а ние користиме речиси максимално се што можеме од Вип. Почнувајќи од интернет пакетите па се до мобилните телефони комуницираме со девојките, со нив споделуваме информации, ги известуваме на социјалните мрежи клиентите за нашите термини, а активни сме на Фејсбук и Инстаграм така што постојано споделуваме видеа и фотографии. Услугите на Вип односно интернет пакетите ни овозможуваат и полесно да допреме до сите односно да ги информираме за се околу пилатесот и придобивките од овој вид на вежбање“, вели Ивана.
Самата верува во максимата на основачот на пилатесот Joseph Hubertus Pilates, па вели дека со посветеност, редовно вежбање и правилна исхрана резултатите ќе бидат неизбежни. Исто како што е успешна приказната за Powerhouse Pilates. Таа со овој тим продолжува напред, се надева уште долго, по патот кој го трасираше покојната Ирина.
Ирена Ставрова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.