30 Ноември, 2024
0.0134

Vip успешна приказна: Ред Шпед црта нови модели за шпедицијата и царинењетo

Објавено во: VIP успешни приказни 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Приказната на Ред шпед започнaла во 1994 година, кога тим од ентузијасти,но со 35-годишно искуство во меѓународната шпедиција и транспорт, се здружиле со желба да понудат поинакво искуство во царинењето на стока и транспорт. Ги водел мотивот да го изменат начинот на работа во овие области и тоа им тргнало добро, оти биле посветени на новитетите, на потребите на клиентите.

Затоа следел и брз раст.


„Со еден збор, растот и развојот на компанијата беше, пред сѐ, детерминиран од вложувањето во здравата и квалитетна соработка, како помеѓу нашите вработени, така и со нашите деловни партнери и клиенти, вели директорот Игор Ѓорѓиевски.

Предизвиците на патот кон создавање на успешна приказна, не биле ништо поинакви од оние со коишто се соочуваат повеќето од бизнисите во земјата и во регионот - нелојална конкуренција, неефикасна наплата на побарувањата, обемна и непотребна администрација, и недоволна автоматизација на процесите. Сепак, со нивната формула која подразбира добар тим, добра организација, и квалитетна услуга, вели Ѓорѓиевски, немало пречка која не може да се надмине.

„Патот до успехот никогаш не е лесен, но дури и негативните искуства нудат важни лекции. Најважно е да се биде трпелив и истраен во остварувањето на деловната визија и поставените цели, раскажува Ѓорѓиевски.

Вели дека денес со гордост кажува оти Ред шпед е реномирана македонска компанија. Специјализирана е за услуги во надворешно-трговското посредување, транспорт на стока во меѓународниот и домашниот сообраќај, складирање на стока во својот јавен царински склад, дистрибуција на пратки, со примарен фокус на пружање на шпедитерско-царинските услуги. Седиштето е во Скопје, но имаат деловни единици и на граничните премини Табановце, Богородица и Блаце, како и во ТИРЗ Бунарџик и Меѓународниот аеродром Скопје. Компанијата има и јавен царински склад во Ќојлија кој е целосно опремен за сместување на сите видови стока. План е во иднина тој да биде проширен на 4.000 квадратни метри.

Ѓорѓиевски вели дека соработуваат со над 2.500 клиенти. Процесите во шпедицијата и царинењето некогаш се и комплексни, но решението за тоа, според него, се искусните работници.

„Нашиот тим брои 60 високо-стручни професионалци, секогаш подготвени да одговорат на потребите на нивните клиенти и соработници. Нам главниот фокус ни е кон луѓето. Од таа причина, со своите клиенти, соработници и вработени развиваме стабилен и долгорочен професионален и личен однос, заснован на взаемна доверба, разбирање и професионална комуникација. Во Ред Шпед се цени тимската работа и соработката, вели Ѓорѓиевски, па додава дека за тоа имаат и добра техничка поддршка од Вип.

Во време кога дигитализацијата е присутна секаде, компанија држи чекор со технолошкиот развој – опремена е со најсовремен возен парк, опрема, паметни мобилни телефони, компјутерски системи и софтвери, кои во целост придонесуваат за задоволување на потребите на вработените, но и на многубројните клиенти, на високо-професионално ниво.

„Сите вработени во Ред Шпед користат паметни телефони и во секој момент имаат пристап до целосна интернет врска и современите апликации кои ја олеснуваат писмената и усната конверзација и навременото извршување на дневните обврски. Бидејќи мојата работа е многу динамична и често сум во движење, во секојдневната интерна и екстерна комуникација целосно ги користам можностите кои ми ги овозможува мојот One.Vip Free + No limit бизнис пакет. Исто така, кога сум во странство, ми значи поддршката која ја добивам од Вип бизнис партнерот. Мојот пакет подразбира користење на 200Mb интернет во роаминг на месечно ниво, 60 бесплатни SMS пораки и 100 минути роаминг разговори, што целосно ги задоволува моите бизнис потреби додека сум надвор од државата, раскажува директорот.


Идните планови на компанијата се ориентирани кон интегрирање во европските и светските стопански текови, како и зацврстување на лидерската позиција на пазарот на шпедитерски услуги на поширокиот регион на Балканот и Централна и Југоисточна Европа.

„После повеќе од 20 година работење, условите за работа во Македонија сѐ уште ги подразбираат истите предизвици. И понатаму постои нелојална конкуренција, наплатата на побарувањата не е едноставен процес, администрацијата е комплексна, а што се однесува до дигитализацијата, сѐ уште не сме во чекор со светот. Сепак, залагањето на државните органи, на прво место Царинската управа, за дополнителна автоматизација на процесите, како и способноста на клиентите да го препознаат вистинскиот квалитет, ме прават оптимист во поглед на иднината на логистиката во Македонија- заклучува директорот на компанијата Ред Шпед.


Даница Караташова


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.