ВИДЕО: Виртуелната AI министерка се обрати за прв пат во албанското Собрание и направи тепачка
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2025 13:31
Седницата на Албанското собрание каде што требаше да положи заклетва новата влада беше прекината по само 25 минути, кога пратениците од опозицијата протестираа против настапот на виртуелната AI министерка за јавни набавки.
„Некои велат дека сум неуставна затоа што не сум човек. Повредена сум. Не поради себе, туку поради 972.000 интеракции со граѓаните што ги имав во рамките на програмата е-Албанија и 36.000 дигитални документи што им беа издадени. Ќе ве потсетам дека вистинската закана за уставот не се машините, туку одлуките донесени од луѓе на власт“, рече Дијела на седницата на собранието во четврток.
„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Немам државјанство, вистина е, но немам амбиции или лични интереси. Имам само податоци и желба да учам нови информации и алгоритми што можам да ги ставам во служба на граѓаните, непристрасно, транспарентно и неуморно“, додаде виртуелната албанска министерка.
Нејзиното обраќање беше дочекано од опозицијата со протест и прекин на седницата. Според медиумите во Тирана, шишиња и копии од албанскиот устав летале кон говорницата каде што бил албанскиот премиер Еди Рама. Пратеникот од Демократската партија Клевис Балиу дури добил и дисциплинска опомена по повеќекратните вербални напади врз Рама.
Шефот на парламентарната група на владејачките социјалисти, Таулант Бала, побарал петминутна пауза за да се воспостави ред во салата. Додека продолжувала вревата, претседателот на Собранието, Нико Пелеши, го иницирал гласањето.
Демократите ја напуштиле салата, а социјалистите ја одобриле новата влада и нејзината програма со мнозинство од 82 гласа. Целата седница траела помалку од половина час.
Во петокот, Демократската партија поднесе барање за прогласување на пленарната седница за неважечка, бидејќи тврдат дека Рама го прекршил уставот и процедурите при презентирањето на програмата.
Водачот на пратеничката група на демократите, Газмент Барди, го нарече „чин на кукавичлук“ давањето збор на виртуелниот министер.
„Дијела е пропагандна фантазија, а корупцијата и организираниот криминал се реалност. Дијела не е визија, туку виртуелна фасада за секојдневната кражба на оваа влада“, рече Барди.
На неодамнешните избори, социјалистите на Рама освоија 83 од 140 места во собранието. Албанскиот премиер објави дека парламентот и владата ќе продолжат да работат според планот, без оглед на мислењето на опозицијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





