Виртуелниот гас во Струмица може да биде урнек за цела Македонија!
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2012 08:35
На местото каде што некогаш се наоѓала депонијата во Струмица, сега е направена базната станица за природниот гас..Таму пристигнуваат цистерните со гас во таканаречени „мат модули“. Гасот оди во декомпресиската станица, а потоа се дистрибуира до корисниците, домаќинствата, индустриските капацитети, општинските институции.
Финасиска заштеда од 7 милиони денари
На гасоводната мрежа се поврзани 14 големи потрошувачи. Училиштата основни и средни, градинките и општинската зграда, веќе се загреваат со природен гас. Финансиските заштеди се огромни..
„Во Струмица од она што досега е мерливо. Почетокот на грејната сезона е 15 октомври, ние направивме мерење на 30 ноември, значи после 45 дена и го споредивме со историските податоци кои што ги имавме за греење на основните училишта, средните училишта, детските градинки, библиотеката, општинската зграда, сите наши иснтитуции кои се финасираат за греење од нашиот општински буџет, лани до 30 ноември имавме потрошено 7 милиони 800 илјади денари за греење, сега за истиот период оваа година имаме потрошени само 850 илјади денари, преку 85% заштеда. Според мое убедување сите параметри покажуваат дека до 2020 година, Македонија, ќе нема национален гасовод, а Стумица до 2020 година ќе постигне заштеди на годишно ниво од преку 25 милиони евра, пари кои остануваат овде и кои ќе се употребат за развој“, вели Зоран Заев градоначалник на Струмица.
Приклучок на природен гас - 700 евра
За функционирањето на гасоводната мрежа, општината формираше и Јавно претпријатие, Струмица гас. Директор на ова ЈП е Зоран Китанов.
Звонко Трбогазов е жител на Струмица кој веќе има поднесено барање за природниот гас да потече и во неговиот дом.
„Сега се греам на струја, но затоплувам само две соби, планирам со природен гас да ја загревам целата куќа околу 100 квадрати. Најголема ќе биде добивката на семејниот буџет“, ни изјави Звонко Трбогазов, жител на Струмица
Целиот проект гасификација, Струмица ја чинеше околу два милиони евра.
Автор Мишко Иванов, 24 вести, Фото: Југо инфо
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





