19 Декември, 2025
0.0468

ВИРУСНИТЕ ИНФЕКЦИИ ГИ ИСПРАЗНИЈА УЧИЛНИЦИТЕ: Виновникот не е короната

Објавено во: Балкан 15 Септември, 2022 12:43

Добивај вести на Viber

Последните денови здравствените домови во Србија бележат пораст на заразите кај децата, но лекарите, пак, сметаат дека состојбата не е алармантна и дека се е нормално за овој период од годината.

Како што велат, најчести се стомачните инфекции, но и инфекциите на дишните органи, во кои не спаѓа корона вирусот. Ковид е секако можен кај децата, но сега други вирусни инфекции се почести.

Според достапните податоци, бројот на деца со акутни респираторни проблеми во Белград е зголемен за околу 30 отсто во однос на претходната недела. Како што евидентира Градскиот институт за јавно здравје, од 29 август до 4 септември се регистрирани 6.723 пациенти со акутни респираторни инфекции. Кај децата на училишна возраст од пет до 19 години регистрирани се 1.872 заболени. Во периодот од 5 до 9 септември регистрирани се 9.560 пациенти со акутни респираторни инфекции, додека кај децата на училишна возраст имало 3.538 заболени.

Според родителите, наставата во некои училишта е преполовена поради болни деца.

Педијатарот од Здравствениот дом Чукарица, д-р Дејан Јонев во интервју за Блиц објаснува дека се што се случува кај децата е сосема нормално за овој период од годината, наставата почна, а вирусите лесно се пренесуваат меѓу децата.

-Што се однесува до короната, можам да кажам дека ја немаме, барем тоа е моето искуство. Последниот месец испратив осум деца на тестирање, кои имаа температурата, а само четири од нив беа позитивни. Тоа не е некоја бројка, ниту пак е алармантна бројка, со тоа што овие деца имаа блага температура, апсолутно никакви други проблеми, со еден нормален наод, објаснува д-р Јонев за Блиц.рс.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен