ВИРУСОТ СПЛАСНУВА, НО МЕДИЦИНСКИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ПРИОРИТЕТ: Милион евра за реагенси, маски, ракавици, скафандери...
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2021
Корона вирусот во
овие летни месеци дефинитивно ја нема силата како во претходните два брана,
болниците се речиси целосно испразнети, а бројот на новозаразени лица е во
постојан пад. Во 18 градови веќе нема активни случаи, додека на териотријата не
цела Македонија остануваат уште околу 150 лица заразени со вирусот, од кои
нешто повеќе од 60 се во Скопје.
Сепак, приоритет на здравствените институции е набавка на медицински материјали против Ковид-19. Имено, Институот за јавно здравје кон крајот на мај склучил два договори со кои за повеќе од милион евра набавува медицински реагенси, тестови и други материјали за КОвид-19. Едниот договор е со скопската компанија ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА, вреден 768.363 евра, другиот со компанијата БИОСИСТЕМИ МК во вредност од 256.377 евра.
Институтот набавува од Елта реагенси и тестови но и други материјали.
-Комплет реагенси за изолација на вирална ДНК и РНК од различни примероци (плазма,серум и др.клеточни течности) кои можат да се употребат со било кој ПВР тест во реално време за детекција на патогени агенси. Да биде врз принцип на специфично поврзување на ДНK и РНК за спин филтер, фиксиран во колонки. Задолжително да вклучува:спин колонки, раствор за поврзување,WB-раствор 1,WB-раствор 2,EB-раствор,RTA спин филтер сет, RTA тубички за колекционирање и тубички за елуција на примерок.
-Реагенси за автоматска изолација на РНК (рибонуклеинсka киселина) од различни примероци, кои можат да се употребат со било кој ПВР тест во реално време за детекција на патогени агенси компатибилни за MagCore 16 Super или еквивалент
Се набавуваат и маски, мантили, ракавици, скафандери и каљачи...
Договорот со компанијата БИОСИСТЕМИ МК кој е вреден 256.377 евра, пак, предвидува набавка на повеќе видови лабораториски реагенси.
Инаку, договорот на Институтот за јавно здравје за јавната набавка со компанијата Елта 90 Молекуларна медицина е меѓу најголемите договори објавени во последните 7 дена.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.