19 Декември, 2025
0.0639

Висока невработеност, мали плати и големи одговорности за македонските жени

Објавено во: Економија 08 Март, 2013 18:56

Добивај вести на Viber

Стапката на вработеност кај жените е ниска,  оние со високо образование тешко стигнуваат на раководни функции, а и платите на жените сеуште се значително пониски од оние на мажите во Македонија, стои во извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за родовата еднаквост во земјите од поранешна Југославија, кој беше денеска презентиран во Париз. Извештајот нотира дека стапката на вработеност на жените во 2008 година во Македонија е 32,9 отсто додека кај мажите е 50,7 отсто. Од активното население, 76,6 отсто од мажите се активни, наспроти само 50,2 отсто од жените, а мажите земаат и за најмалку 20% повисока плата. Во 2010 година пак, според Светската банка, годишната плата на една жена во Македонија изнесува 5.956 американски долари, а кај мажите 12.247 долари. Извештајот посочува дека дискриминацијата е најприсутна кон жените Ромки, кои се лишени од образование, работа, здравствена заштита, а според проценките на Амнести интернешнел, дури 66 отсто од жените Ромки во Македонија можат да најдат работа само на „црно“. Од  Парламентарното собрание на Советот на Европа посочуваат и дека владите во земјите од поранешна Југославија се справуваат со економската и политичката ситуација без притоа да ја интегрираат родовата димензија и дека за помалку од десет години постигнат е сериозен напредок со воведувањето на законска рамка за усогласување на домашните закони со европските и меѓународните норми, но родовата еднаквост е се уште далеку од реалноста. Оттука, од ПССЕ забележуваат дека одговорностите на жените во семејствата се поголеми од тие на мажите, жените од руралните средини се повеќе маргинализирани од жените од урбаните средини, жените почесто имаат работни договори на одредено време, што дозволува да се избегне правото на породилно отсуство кое постои во законите и сексуалниот мобинг е многу раширена и малку казнувана практика.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар