28 Ноември, 2024
0.0279

Високата цена на евтината нафта

Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Можеби Венецуела видела и полоши времиња од оние кои ги живее во моментов, но факт е дека  земјата која до скоро имаше неприкосновен лидер се наоѓа во доста комплицирана економска ситуација која тешко може да се предиви како ќе заврши. Државата е богата со нафта и таа чини 80% од извозот и полни половина од буџетот од земјата. Со оглед на тоа дека од државата зависат многумина таа е одговорна директно за многу нејзини жители. Со последниот пад на цената на нафтата значително падна и извозот на земјата по две основи, намалени пратки и намалена цена. По долги години се очекува земјата да влезе во рецесија. Тука на површина излегува и најголемиот проблем на оваа економија која зависи од само еден производ, па така доколку има проблем со него имате проблем со се. Згора на сето ова земјата ја мачи исклучително висока инфлација која достигнува скоро 30%. Луѓето не знаат колку ќе ги чинат најосновните продукти со кои треба да се прехранат наредниот ден. Но со ваква инфлација едно сигурно знаат, а тоа е дека наредниот ден цените ќе бидат поскапи. Со ова Венецуела и Аргентина стануваат најпроблематични земји во регионот на полето на инфлацијата. И дополнително, рејтинг агенциите се немилосрдни и на обрзниците на земјата им имаат доделено статус B2 или ѓубре, иако земјата нема висок јавен долг гледано според БДП и тој изнесува околу 49%. Сепак се смета дека економија што зависи само од еден производ е високоризична инвестиција. Денеска во светот инфлацијата е доста мал проблем и затоа навистина делува страшно кога земјата има толку висока инфлација и нејзините обврзници носат скоро 11% принос. Толку високиот принос се толкува како и многу висок ризик. Земјата мора да бара начини да ја диверзифицира економијата. Навистина е штета што периодот на добри времиња не беше доволно искористен за развој на повеќе нови индустрии со цел да се тргне тежиштето од нафтата која е патем речено најефтина во светот. Но секоја субвенција и државна помош доколку не се искористи за развој, еден ден може многу скапо да чини. Можеби Венецуела денеска ја плаќа токму таквата политика. Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.