05 Декември, 2025
0.0288

Високата невработеност го попречува економскиот раст на Европа

Објавено во: Анализа 29 Јануари, 2014 17:00

Добивај вести на Viber

Високата невработеност и особено долгорочната невработеност остануваат главни проблеми во Европа и најдобар начин за справување со овој проблем е да се даде поттик на економскиот раст во регионот преку низа мерки , вклучувајќи намалување на нивоата на долгот и завршување на процесот на формирање на единствена Банкарска унија , изјави вчера генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард. Кога невработеноста е висока , економскиот раст е бавен , бидејќи луѓето трошат помалку , а фирмите инвестираат помалку и откриваат помалку работни места . Тоа значи дека најефикасен начин за промовирање на вработување е да се преземат мерки за забрзување на економскиот раст , напиша Кристин Лагард на својот блог, токму пред нејзиниот говор и учество во дискусијата во Брисел. Според некои проценки , со дополнителен раст на развиените економии во светот од 1 % ќе се намали невработеноста со околу 0,5 % , враќајќи назад на работа над 4 милиони луѓе . Значи, за да се создадат работни места ние треба да го зголемиме економскиот раст , посочи Лагард , цитирајќи истражување на ММФ . Според неа, високото ниво на долгорочната невработеност дава голем повод за загриженост - речиси половина од луѓето без работа биле невработени повеќе од една година. Во прилог на ова, таа ја посочи и високата невработеност меѓу младите, истакнувајќи дека речиси една четвртина од Европејците на возраст под 25 години бараат , но не можат да најдат работа . Во Италија и Португалија повеќе од една третина од луѓето под 25 години се невработени, а во Шпанија и во Грција се повеќе од 50% . Таа исто така истакна дека, без сомнение , на краток рок, ќе треба паметна монетарна и фискална политика за заштита на економско заздравување. Лагард ја повтори и често спомнуваната позицијата на ММФ за потребата, Европа да продолжи со реформите , како што е успешното завршување на процесот за формирање на единствена Банкарска унија , за да се обезбеди финансиска стабилност во регионот. „За еврозоната , верувам дека зајакнувањето на институционалната рамка на монетарната унија е итно неопходна. Ставањето на место на сите елементи на Банкарската унија ќе биде одличен почеток“ , напиша таа. Лагард исто така, ја истакна и потребата од намалување на нивото на долгот, велејќи дека „високите нивоа на долгот на приватниот сектор може да бидат особено проблематични и затоа треба да бидат адресирани на прво место". Лагард посочи дека државниот долг, исто така треба да биде намален, но го повтори предупредувањето од ММФ дека тоа треба да се случува бавно и постепено.   А.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени