11 Октомври, 2024
0.0499

Висококвалитетниот развој на Кина отвара нови можности за попросперитетен свет

Објавено во: Колумни 24 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Развојот е тема за која во човечкото општество вечно се расправа, а претседателот Си Џинпинг истакна дека „висококвалитетниот развој е примарна задача на Кина потребна за сеопфатно градење на една модернизирана земја“. 

Врз основа на истражувањето и праксата, уште од формирањето на Народна Република Кина, особено уште од времето на реформите и отварањето кон светот, после деценија на големи промени во новата ера, се отворија широки перспективи за модернизација на државата преку висококвалитен развој. 

Преку сопствените големи пазарни можности и подобри услуги, како и преку висококвалитетниот развој, Кина дефинитивно ќе обезбеди силен импулс за развојот на светот. Висококвалитетниот развој е примарна задача на Кина во поглед на градење на модерна земја на сеопфатен начин. 

На 30-тиот АПЕК состанок на економски лидери, претседателот Си Џинпинг објави дека „ќе продолжиме да се стремиме кон висококвалитетен развој и отворање кон светот со високи стандарди“. 

Кинеската модернизација на светот ќе му донесе повеќе и поголеми можности за модернизација за сите земји. Новото патување на кинеската модернизација во висококвалитетен развој сигурно ќе продолжи да придонесува кон остварување на подобар живот за луѓето, а преку големите пазарни можности на Кина, на светот ќе му обезбеди развоен поттик и повеќе и подобри кинески услуги со висококвалитетен развој. Висококвалитетниот развој со долг цикличен тренд обезбедува „сигурност“ во светот. Макростабилноста стана најреткиот ресурс за глобален просперитет и развој.

 Претседателот Си Џинпинг нагласи дека „Кина поседува институционална предност на социјалистичка пазарна економија, предност на побарувачка на пазар со супер големи размери, предност на понуда на комплетен индустриски систем и предност на таленти и на голем број висококвалитетни работници и претприемачи“. 

Во моментов се одвива нов циклус на технолошка револуција и индустриска трансформација во сите аспекти, што претставува ретка можност за висококвалитетен развој. Во изминатата деценија, кинеската просечна годишна стапка на придонес за светскиот економски раст надмина 30%. Во 2022 година, кинескиот БДП надмина 120 трилиони кинески јуани, што претставува цврста основа за висококвалитетен развој. 

Што се однесува до содржината на развојот, висококвалитетниот развој е развој каде иновациите стануваат првата движечка сила, координацијата станува есенцијална карактеристика, „зелениот развој“ станува вообичаена форма, отворањето кон светот - неопходен пат, а споделувањето - основна цел. 

Од долгорочна перспектива, како што БДП по глава на жител расте од 10.000 на 30.000 долари, така промовира комплетно изобилство на стоки и комплетен развој на луѓето, притоа отварајќи огромен простор за висококвалитетен развој кој вбризгува нов поттик на стабилниот економски раст на светот. Градењето на нова шема за развој внесува „веродостојност“ во светот. Забрзувањето на конструкцијата на новата развојна шема претставува стратешка основа за промовирање на висококвалитетниот развој. 

Како што вели претседателот Си, без разлика како се развива меѓународната ситуација, решителноста на Кина да се грижи за бизнис опкружувањето на светската класа, кое е пазарно ориентирано и втемелено на закон, нема да се промени. Кина го забрзува процесот на градењето на нова развојна шема, решително го експандира своето отворање кон светот, длабоко се интегрира во глобалниот систем на поделба на трудот, ја зајакнува внатрешната движечка сила и веродостојноста на домашната голема циркуларна економија и го подобрува квалитетот и нивото на меѓународната циркулација. 

Практикувајќи го концептот за глобално владеење кој подразбира опширни консултации, ко-изградба и споделување, целосно имплементирање на Договорот за сеопфатно регионално економско партнерство, промовирање на потпишување на договори за слободна трговија со висок стандард со повеќе земји и региони, активно присоеденување кон Сеопфатниот прогресивен договор за Транс-Пацифик партнерство и Протоколот за партнерство за дигитална економија, како и основавање на платформи на национално ниво како што се Кинеското меѓународно увозно Експо и Кинескиот меѓународен трговски саем за услуги, Кина станува основниот трговски партнер на повеќе од 140 земји и региони во светот. 

Каталогот за охрабрување на индустриите за странски инвестиции (верзија 2022) што ќе се имплементира на почетокот на 2023 година додаде 239 ставки и ревидираше 167 ставки во споредба со претходната верзија, создавајќи првокласна пазарно ориентирана и заснована на закон интернационализирана деловна средина, притоа промовирајќи го висококвалитетниот развој на „Појас и пат“, како и отворена светска економија. Залагањето за промовирање на благосостојба за луѓето внесува „инклузивност" во светот. Среќата и благосостојбата на луѓето се крајната цел на промовирањето на висококвалитетниот развој. 

Претседателот Си нагласи дека непроменливата цел на кинеската модернизација е да се обезбеди подобар живот за целиот кинески народ кој сочинува повеќе од 1,4 милијарди. За светот тоа подразбира поширок пазар и можности за соработка без преседан што исто така, ќе направи силен поттик во напорите за глобална модернизација. 

Придружувајќи се кон концептот за развој фокусиран на луѓето, Кина уште во времето на реформите и отворањето кон светот извлече речиси 800 милиони луѓе од сиромаштија и над 400 милиони луѓе во групата со среден приход, го изгради најголемиот задолжителен образовен систем, најголемиот систем за социјално осигурување и медицински и здравствен систем во светот. Се проценува дека до 2035 година, групата со среден приход ќе надмине 800 милиони луѓе. Со модернизација на повеќе од 1,4 милијарди кинеско население во целост, скалата ќе го надмине вкупното население на постоечките развиени земји. 

Фокусирајќи се на копнежот на луѓето за подобар живот, активно се вложуваат напори за промовирање на хармоничен рурален и урбан развој и координиран регионален развој, забрзување на модернизацијата на земјоделството и на руралните области, притоа обезбедувајќи и на земјата сигурна енергетска и сигурна самодоволност за храна и стремење кон постигнување на материјално изобилство, политички интегритет, духовно богатство, социјална стабилност и еколошка погодност. 

Кина ќе реализира општ просперитет за сите и ќе го промовира двојниот импулс на глобализацијата и модернизацијата, за да колективно се зајакне чувството на достигнување кај луѓето ширум светот. Одржувањето на високо ниво на технолошка самостојност и самоусовршување внесува „континуитет“ во светот. 

Претседателот Си истакна дека иновациите се силен двигател на развојот. Треба да ги следиме трендовите на научниот и технолошкиот напредок, попроактивно да промовираме размена и соработка во науката и технологијата и да работиме заедно за отворена, фер, правична и недискриминирачка средина за научен и технолошки прогрес. Придржувајќи се кон верувањето дека научните и технолошките иновации се примарна продуктивност и прва конкурентна предност, Кина го забрзува темпото на научна и технолошка самостојност и самоусовршување, при што вкупниот број на персонал за истражување и развој го надминува оној на САД во 2013 година, и се рангира на првото место во светот. 

Интензитетот на инвестициите во истражувањето и развојот се пробија за 2% на БДП во 2014 година, и за прв пат надминаа 2,5% на БДП во 2022 година. Индустриските и иновацските ланци се длабоко интегрирани со таленти, изградени се и најголемите и најобемните мобилни комуникациски и оптички мрежи во светот. Во Кина се имаат изградено над 3.05 милиони 5G базни станици, а ефектот на размерот на новите технологии како што се вештачка интелигенција, дата податоци од голем размер и cloud computing, континуирано се манифестира. 

Приходите од софтвер бизнисот низ целата земја достигнаа 10.8 трилиони јуани во 2022 година, а големината на јадрото на индустријата за индустриски интернет надмина 1.2 трилиони јуани. Потпирајќи се на технолошките иновации за промовирање на зелениот развој како универзална форма, Кина активно учествува во глобалното управување со промените на климата и за период од 30 години е посветена на постигнување на јаглеродна неутралност од висока емисија, што е една деценија предност во однос на САД и ЕУ. Градејќи отворен иновативен екосистем и учествувајќи во глобалното научно и технолошко управување, кинеската наука и технологија ќе придонесат за подобрувањето на човечката благосостојба. Заедничкото работење со цел градење на заедница на општ развој внесува „стабилност“ во светот. 

Претседателот Си истакна дека Кина го поздравува учеството на сите земји во Иницијативата за глобален развој (ГДИ) за продлабочување на соработката за намалувањето на сиромаштијата, безбедноста на храната, индустријализацијата и финансирањето на развојот, како и градењето на глобална заедница за развој, каде што плодовите од модернизацијата ќе бидат споделувани од страна на луѓето ширум светот. Кина е посветена на промовирање на градењето на висококвалитетно партнерство за глобален развој базирано на солидарност, еднаквост, баланс и општа добробит, на забрзувањето на имплементацијата на Иницијативата за глобален развој, Иницијативата за глобална безбедност и Иницијативата за глобална цивилизација и на заедничкото креирање на меѓународна средина погодна за развој, притоа негувајќи нови двигатели за глобален развој. Развојот е право на сите земји во светот, а не е патент на неколку земји. Кина е посветена на промовирање на развојна соработка меѓу сите земји и споделување на развојните достигнувањата меѓу сите народи, на подобрување на правичноста, ефективноста и синергијата на глобалниот развој. 

Сè додека земјите во светот се обединуваат и соработуваат за заеднички да се спротивстават на унилатералните санкции, екстремниот притисок, идеолошката конфронтација и развојното раздвојување, тие ќе можат да се справат со различните ризици и предизвици. Секоја политичка манипулација која го попречува развојот на другите земји и им штети на животите на другите луѓе на крајот ќе биде залудна. Кина е подготвена да работи со сите земји, вклучително и со Северна Македонија за да промовира општ развој и просперитет. Како што беше истакнато во пишаниот говор на претседателот Си Џинпинг, оваа година, кинеската економија постојано се опоравува и се врти кон подобро. Нејзината стапка на раст е меѓу највисоките, меѓу главните економии во светот. Постигнати се и солидни придобивки во нашата потрага по висококвалитетен развој. Кина останува најмоќниот мотор на глобалниот раст и ќе генерира една третина од истиот оваа година. Неодамна, неколку западни политичари и тинк-тенкови почнаа подмолно да шират пропаганда за „теоријата за колапс на Кина“, а некои земји зборуваа и за „раздвојување“ или „избегнување ризик“ од Кина. Меѓутоа, историјата докажала и ќе продолжи да докажува дека Кина секогаш ќе биде важна прилика за светскиот развој и ќе биде голем поттик за современиот свет и неговиот иден развој.

Колумна на Џанг Ѕуо, Амбасадор на Народна Република Кина во Македонија

Можеби ќе ве интересира

Западот ќе ја дели Украина!

Западот ќе ја дели Украина!