19 Декември, 2025
0.0197

Виста груп го демантира Кирацовски: Проектот Интероперабилност е навремено реализиран

Објавено во: 04 Април, 2016 17:05

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски изјави дека власта, поточно екс министерот, Иво Ивановски дозволил да отидат скоро милион евра народни пари на сметка на фирмата Виста Груп, за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала договорот склучен со министерството.

Сепак, од Виста Груп денеска ги демантираа овие информации со образложение дека се работи за неточни и недоволно проверени информации.

„Виста Груп е одговрна компанија и како таква совесно одговорно и навремено го реализираше проектот Интероперабилност кој изнесуваше 43.777.888 денари од кои приближно 80 проценти се однесуваат на испорака на опрема и софтверски лиценци, односно висината на проектот изнесува околу 700.000 евра а не повеќе од еден милион како што беше објавено.

Со овој пилот проект се постави основата за електронска размена на податоците меѓу институциите како олеснување за граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на оваа група.

Оттаму посочуваат дека активни корисници на овој систем се предвидените институции и истите разменуваат податоци од поставувањето на овој систем до сега, но сепак се изненадени од постапката на дополнителниот заменик министер поради како што велат за објавување на недоволно проверени информации за еден од најуспешните проекти реализирани во нашата држава без претходно да се обрати до нашата компанија или пак институциите корисници на истите и истите да се проверат.

Oд Виста Груп велат дека сите потребни докази за проектот ќе му бидат ставени на увид на дополнителниот заменик министер.