ВИСТИНА КОЈА СЕ БИСТРИ: Русија ќе остане без нафта!
Објавено во: Економија 18 Март, 2016 10:49
Русија до 2044 година ќе остане без нафта, а производството ќе почне да паѓа во 2020 година, соопшти руското Министерство за природни ресурси и заштита на средината.
„Нашите обновливи резерви на нафта се движат околу 29 милијарди тони. Тоа се резерви кои теоретски може да се извлечат од длабоките слоеви на земјата...Таквите резерви ќе потраат 57 години“, изјавил министерот за природни ресурси Сергеј Донски, но предупредил дека количината на докажани резерви е помала од половина, пренесе Раша тудеј.
„Сепак, обемот на докажани резерви (чија локација ни е точна, квантитет и начин на експлоатација познат) е помал од половина, односно изнесува околу 14 милијарди тони, што значи дека ќе потраат само 28 години“, додал тој.
Руското производство на нафта, според неговите зборови, неизбежно ќе почне да паѓа до 2020 година, и ќе порасне делот на тешко експлоатирана нафта, што, како што рекол, ќе поскапи самиот процес на експлоатација.
Како што наведува РТ, вадењето на нафта во светот се искомплицирало бидејќи цените на тој енергент изгубиле две третини од вредноста до 2014 година.
Според тврдењата на Донски, руските компании сепак нема да го намалат производството, кое, како вели, ќе остане на минатогодишно ниво.
„Компанијата Роснијефт е фокусирана на зголемување на развојот на бунари за 40 одсто во однос на минатата година“, изјавил министерот.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




